Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
11.5.2018

Реми на Вест хем и Манчестер јунајтед, Погба и Нобл се давеа, па се гушкаа

Вест хем и Манчестер јунајтед ремизираа без голови во одложениот натпревар од 31-вото коло на Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ со овој бод, на едно коло пред крајот на националниот шампионат, ја потврдија вицешампионската титула, додека „чеканите“ уште претходно обезбедија опстанок.
Иако дуелот речиси и да немаше резултатско значење, немаше ниту премногу квалитетен и возбудлив фудбал на Олимпискиот стадион во Лондон.
Гостите беа многу поблиску до победа, упатувајќи дури 16 удари кон голот на домашните, но Адријан, голманот на Вест хем, беше одличен, посебно во првото полувреме.
Првите 45 минути беа многу посодржајни од продолжението на средбата, кога екипата на Жозе Мурињо пропушти неколку одлични шанси да стекне водство, односно во тоа ги спречи одличниот шпански голман.
Прво, Скот Мектоминеј за малку беше непрецизен по обидот со глава во 21-вата минута, а веќе во следниот напад Адријан со одлична парада го спречи силниот удар на Џеси Лингард од дистанца.
Продолжија нападите од страна на тимот од „Олд Трафорд“, па уште во 24-тата минута Лук Шоу од другата статива остро го погодуваше во првиот удар, а Адријан овој пат успеа да ја скенира топката, која од стативата се одби назад во полето.
Единствената шанса за Вест хем во овој дел од играта ја пропушти Жоао Марио.
Второто полувреме беше многу помалку содржајно, главно се играше на средината на теренот, додека Манчестер доста јалово се обидуваше да дојде до погодок вреден три бода.
На крајот, малку недостасуваше да има општ хаос на теренот, но Пол Погба веројатно истата секунда помисли на финалето на ФА купот и попушти трезвено, иако тој ја започна гужвата.
Французинот се изнервира во самиот финиш на натпреварот и остро стартуваше врз Марк Нобл, бидејќи остана без топката, а борбениот Англичанец веднаш скокна и го фати Погба за врат, обидувајќи се да му ја откине главата, но другиот не сакаше да влезе во конфликт, пред да се вклучат и другите играчи во метежот. На крајот и двајцата добија жолти картони.
Сите натпревари од последното коло на Премиер лигата на програмата се во недела, од 16 часот.

Најнови вести