Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
16.5.2018

Дејвид Мојс веќе не е тренер на Вест хем

Мојс во ноември минатата година го презеде Вест хем, кој се наоѓаше во зоната за испаѓање, од Славен Билиќ, а со клубот имаше договор до крајот на сезоната.

Дејвид Мојс, тренерот на фудбалерите на Вест хем, ја напушти функцијата само по шест месеци откако дојде во клубот.
Мојс во ноември минатата година го презеде Вест хем, кој се наоѓаше во зоната за испаѓање, од Славен Билиќ, а со клубот имаше договор до крајот на сезоната.
Вест хем успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата завршувајќи на 13-тото место на табелата.
Овој 55-годишен некогашен тренер на Евертон и на Манчестер јунајтед на клупата на Вест хем имаше девет победи, десет ремија и 12 порази.
„Кога Дејвид Мојс и неговите соработници дојдоа во клубот, договорот беше дека во наредните шест месеци фокусот ќе биде кон опстанок во Лигата, по што ќе се одлучува за продолжување на соработката. Откако заврши сезоната, разговаравме и дојдовме до заеднички заклучок да не го продолжуваме договорот“ изјави Дејвид Саливен, еден од претседателите на Вест хем.
Тој изјави дека клубот планира да доведе тренер од висок калибар, кој би му донесол возбудлива иднина на Вест хем.
Во медиумите сè уште нема шпекулации кој би можело да го наследи Мојс на клупата на Вест хем, а во клубот наведуваат дека во наредните десет дена ќе соопштат кој ќе го предводи тимот во наредната сезона.

Најнови вести