Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
27.10.2017

Лига куп: Арсенал – Вест хем, Манчестер јунајтед – Бристол

Фудбалерите на Манчестер јунајтед одбраната на трофејот во Лига купот ќе ја продолжат против Бристол во четврт-финалето на тоа натпреварување, одлучено е вчера.

Бристол воедно е и единствениот клуб кој не настапува во Премиер лигата кој стигна до најдобрите осум во Лига купот. Тој тим на патот до четврт-финалето ги елиминира Кристал палас, Стоук и Ватфорд.
Фудбалерите на Манчестер сити во четврт-финалето ќе гостуваат кај Лестер, Арсенал ќе го дочека Вест хем, додека Челзи ќе биде домаќин на Борнмут.
Натпреварите од четврт-финалето на Лига купот на програмата се на 18-ти декември.

 

Најнови вести