Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
26.1.2018

Жоао Мариел и Габриел Барбоса го напуштија Интер

Жоао Марио отпатува во Лондон на лекарски прегледи и би требало да потпише договор со Вест хем.

Фудбалскиот клуб Интер вчера остана без двајца играчи, клубот го напуштија Жозао Марио и Габриел Барбоса.
 Жоао Марио отпатува во Лондон на лекарски прегледи и би требало да потпише договор со Вест хем. Според пишувањата на италијанските медиуми, играчот за врска на репрезентацијата на Португалија во Вест хем ќе игра на заем до крајот на сезоната.
Габриел Барбоса се врати во Сантос, во којшто ќе биде на заем до крајот на годината. Бразилскиот напаѓач во Интер направи трансфер токму од Сантос за 33 и пол милиони евра, но само еднаш беше стрелец за клубот од Милано.

Најнови вести