Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
20.1.2018

Вест хем остана без Керол

Се изјалови работата на Челзи да го доведе Енди Крол во овој преоден рок бидејќи репрезентативецот на Англија се повреди. Според наводите на медиумите од Островот, играчот на Вест хем би можело да отсуствува и до четири месеци, доколку биде подложен на операција.

На неодамна направените прегледи беше установено дека Керол има повреда на глуждот, поради која ќе мора да паузира до шест седмици.
Трансферот во Челзи е одложен поради таа причина, но и поради стравот од страна на управата на клубот дека играчот би можело да оди на операција.
„Сините“ беа подготвени за напаѓачот на англиската репрезентација да платат 20 милиони фунти. Како што се наведува, клубот од Лондон ќе ги почека останатите медицински резултати.

Најнови вести