Корисничко име Лозинка Пријави се
29.1.2018

Шест меча суспензија за фудбалерот на Вест хем поради плукање

Левиот бек на англискиот премиерлигаш Артур Масуаку е казнет со суспензија на шест натпревари поради плукање на противничкиот играч на натпреварот против Виган во ФА Купот.

Фудбалската асоцијација на Англија го суспендираше Масуако, а од неговиот клуб најавија дека Французинот дополнително „ќе го добие тоа што го заслужува“.
На натпреварот против Виган во саботата Масуаку доби црвен картон поради тоа што го плукна Ник Пауел, а по натпреварот преку социјалните мрежи се извини за постапката на теренот.
Неговиот недоличен потег го осуди и менаџерот на „чеканите“ Дејвид Мојс.
Дваесет и четиригодишниот Французин одигра 19 натпревари во Премиер лигата, двапати беше асистент и доби пет жолти картони. Прв пат во кариерата е исклучен од натпревар со црвен картон.

 

Најнови вести