Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Ватфорд е пред Манчестер Сити во Премиер лигата

Најпријатното изненадување има три победи во три меча

Екипата на Ватфорд продолжува со одличните резултати, откако со 2:1 славеше против Кристал Палас во третото коло од Премиер лигата. Со овој триумф, Ватфорд продолжува со перфектниот старт и сега има три победи во три средби. Со ваков биланс, Ватфорд е на делба на првото место со Ливерпул, а пред актуелниот првак Манчестер Сити. 
Отпорот на Кристал Палас беше скршен во второто полувреме. Переира погоди во 53 минута за водство на домаќините од 1:0, а Холебас во 71 минута ја удвои позитивата на Ватфорд. До крајот на средбата, Кристал Палас успеа да даде почесен гол преку Заха во 78 минута. 
Ватфорд никогаш досега не стартувал со три победи во низа во Премиер лигата. Освен Кристал Палас, најпријатното изненадување досега се радуваше и на победи против Брајтон (2:0) и на гости кај Барнли (1:3).
Денеска до девет бода може да стигне и Челзи, кој гостува кај Њукасл. По првите две кола со шест бода е и Тотенхем, кој утревечер ќе гостува кај Манчестер јунајтед. 

 

Најнови вести