Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
15.5.2018

Големиот Сем си оди – Марко Силва конечно на клупата на Евертон?

Сем Алардајс во наредните денови би требало да добие отказ на местото менаџер на Евертон, а како најголем кандидат за негов наследник се споменува Марко Силва, јавуваат медиумите во Англија.

Големиот Сем (63) на „Гудисон парк“ дојде во ноември минатата година, по лошиот почеток на сезоната и отказот за Роналд Куман. Во меѓувреме успеа да ја консолидира екипата и забележа пристојни резултати, но челниците на „карамелите“, на чело со мнозинскиот сопственик Фарад Мошири, не го гледаат како долготрајно решение.
Поради тоа, разделбата е извесна уште една година пред истекувањето на неговиот договор, а тоа Евертон би требало да го чини околу шест милиони фунти.
Наводно, веќе како замена се гледа Марко Силва, поранешниот менаџер на Хал и Ватфорд. Португалецот беше прва желба на клубот од „Гудисон парк“ по заминувањето на Куман, но тогаш пречка беше оштетата која „карамелите“ требаше да му ја платат на Ватфорд за Силва.
Четириесетгодишниот стручњак по два месеца доби отказ во Ватфорд, од каде што како главна причина за тоа ги наведоа неовластените преговори со ривалот од Премиер лигата.
Од оваа перспектива делува дека Евертон и Силва конечно ќе успеат да ја остварат обостраната желба.

Најнови вести