Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2018

„Гужва“ во Евертон – Пристигнаа Мина, Гомеш, Бернард

„Карамелите“ реализираа три трансфери во послените часови од преодниот рок во Премиер лигата

Евертон ги најави трите засилувања за новата сезона во последниот ден од трансфер пазарот во Премиер лигата. Oд Барселона пристигнаа двајца – Јери Мина за сума од 30 милиони евра (плус 1.5 милиони евра во бонуси) и Андре Гомеш како позајмен фудбалер до крајот на сезоната. Третиот нов чен на Евертон е Бразилецот Бернард, кој пристигна како слободен играч откако му заврши соработката со Шахтјор Донецк.

Премиерлигашот исто така ќе мора да исплати 2.25 милиони евра за привремениот ангажман на Гомеш, додека при продажбата на Мина поставија клаузула да можат да го откупат.

Евертон го завршува „пазарењето“ за овој преоден рок со вкупно потрошени 94 милиони евра, од кои најмногу се издвоени за фудбалери од Барселона. Претходно во клубот пристигнаа Лукас Дињ (20 милиони евра,  Барселона) и Ричарлисон (40 милиони евра, Вотфорд).

 

Најнови вести