Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
23.5.2018

Руни и Бејнс пред заминување од Евертон, Силва ќе го замени Алардајс

Вејн Руни и Лејтон Бејс, двајцата искусни фудбалери на Евертон, најверојатно во наредните дена ќе го напуштат клубот и ќе преминат во американската МЛС-лига, додека лидер во трката за нов менаџер е Португалецот Марко Силва, пренесоа англиските медиуми.

Како што се наведува, Руни, кој долго беше доведуван во врска со Вашингтон ДЦ, би требало утре да отпатува во САД на разговори и медицински прегледи.
Бејнс би можело да го напушти „Гудисон парк“ по 11 години, а како најсериозни кандидати за негов трет клуб во кариерата, по Виган и Евертон, се споменуваат Лос Анџелес и Лос Анџелес галакси.
Додека Руни и Бејнс се блиску пред напуштање на „Гудисон парк“, на испразнетото место на клубот од Ливерпул, по смената на Сем Алардајс, би можело да дојде Марко Силва, кој е без ангажман од јануари, откако ја раскина соработката со Ватфорд.

 

Најнови вести