Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
17.1.2018

Арсенал се распаѓа, Волкот во Евертон

Тео Волкот, офанзивниот играч за врска на Арсенал, од Лондон си замина во Ливерпул, каде што треба да потпише за Евертон.

Волкот вчера попладнето бил забележан на „Финч фарм“ од Евертон, а британските медиуми објавија дека треба да ги помине лекарските прегледи во тимот на „карамелите“.
Сем Алардајс, менаџерот на Евертон, сака да го доведе Волкот со цел да го засили неефикасниот напад, а за играчот на Арсенал, клубот од Ливерпул би требало да плати 22,5 милиони евра.
Волкот не е задоволен од минутажата во Арсенал бидејќи нема играно како стартер во Премиер лигата уште од април минатата година, а во текот на 12-те години во Арсенал често пати беше повреден и тоа му ги ограничи и брзината и талентот.
Тој би можело да стане второ големо засилување на Евертон, по доаѓањето на Џенк Тосун од Бешикташ.
Тимот на Арсен Венгер има многу проблеми во последните месеци. Сагата во врска со заминувањето на Алексис Санчес и Месут Озил сè уште трае, тимот во меѓувреме го засили Лаказет, но Арсенал ни одблиску не игра онака како што играше некогаш како член на големата четворка на англискиот фудбал.
Поради тоа, во последните денови има сè повеќе најави дека од клубот би можело да си замине и човекот со најдолг стаж – Арсен Венгер.

Најнови вести