Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
01.2.2018

Мангала ќе игра на „Гудисон парк“

Елијаким Мангала, дефанзивниот играч на Манчестер сити, до крајот на сезоната ќе игра на заем во Евертон.

Французинот во последните моменти од преодниот рок ги помина лекарските прегледи и го официјализира трансферот во редовите на „карамелите“, коишто ќе ја покријат и целата плата на 26-годишниот играч.
Мангала оваа сезона одигра вкупно 15 натпревари за „граѓаните“, а откако во клубот дојде Ајмерик Лапорт, кој вчера веќе дебитираше, беше јасно дека ќе има уште помалку простор напролет.
Тој на „Етихад“направи трансфер во 2014 година од Порто за 32 милиони фунти, што тогаш го направи еден од најскапите дефанзивни играчи на светот.

Најнови вести