Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2018

Премиер лига: Дебакл за Челзи, деби од соништата за Волкот

Екипата на Челзи е поразена пред домашната публика од Борнмут со 3-0 во натпреварот од 25-тото коло на Премиер лигата.

Избраниците на Антонио Конте доживеаја шокантен пораз од Борнмут, кој напредуваше на табелата и сега се наоѓа на десеттото место.
Челзи не играше добро во првото полувреме, но барем на семафорот беше нерешено (0-0).
Она што се случи во наредните 45 минути е просто необјасниво. Борнмут постигна три гола само за 16 минути, за тотален молк на „Стемфорд бриџ“.
Гостите до предност дојдоа во 51-вата минута. Кога Вилсон прими одличен пас од Аиба и потоа топката ја испрати под Тибо Куртуа. Само 13 минути подоцна следуваше нов гол во мрежата на „сините“.
Вилсон асистираше кај Станислас, кој топката ја испрати кај Белгиецот. Куртуа можеше многу подобро да реагира. Конечниот резултат 3-0 го постави Нејтан Аке во 67-мата минута.
На Челзи ова му е петти пораз, додека Борнмут дојде до седмата победа.
Фудбалерите на Евертон го победија Лестер со 2-1, а Тео Волкот имаше деби од соништата. Англичанецот головите ги постигна во 25-тата и во 39-тата минута. Единствениот гол за „лисиците“ го даде Варди од пенал во 71-вата минута.
Саутхемптон и Брајтон одиграа 1-1, како и Њукалс и Брајтон.

Најнови вести