Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
12.3.2018

Крај на сезоната за Сигурдсон, ќе го пропушти и Светското првенство

За Гилфи Сигурдсон би можело сезоната да биде завршена, а како што покажуваат наодите, под знак прашалник би можело да биде и неговиот настап на Светското првенство.

Играчот за врска на Евертон има многу оштетени лигаменти на десното колено по повредата со која се здоби на натпреварот против Брајтон.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Олаф Мар, братот на Сигурдсон, за исландската интернет-страница fotboli.net изјавил дека се работи за многу потешка повреда отколку што изгледало по самиот натпревар одигран во саботата.
Би можело да биде потребно да се изврши и операција, што би значело дека е можно да биде надвор од теренот и до девет месеци. Денес на Сигурдсон ќе му бидат направени дополнителни специјалистички прегледи и потоа сè ќе биде појасно.
И покрај здобиениот удар, Сигурдсон го одигра целиот натпревар против Брајтон, а изгледа дека токму тој напор ја искомплицирал целата повреда.

Најнови вести