Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2018

Дињ на „Гудисон парк“, за Барса 20 милиони

Лукас Дињ, левиот бек на Барселона, го напушти тренинг-кампот на тој клуб и се упати во Англија, каде што многу брзо ќе го официјализира трансферот во Евертон.

Каталонците за 25-годишниот Французин ќе добијат 20 милиони евра, што е за пет милиони повеќе отколку што му платија на ПСЖ во 2016 година.
Во претходните две сезони, Дињ одигра вкупно 46 натпревари за шампионот на Шпанија, најчесто беше во сенка на неприкосновениот Жорди Алба, па, и покрај тоа што има договор до 2021, одлучил да ја промени средината и да се пресели на Островот.
Постои можност тој да не биде единствениот играч на клубот од „Камп ноу“ кој ќе игра за „карамелите“ во наредната сезона бидејќи екипата од Ливерпул е заинтересирана и за стоперот Јери Мина.

Најнови вести