Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
01.6.2018

Марко Силва го презеде Евертон

Англискиот премиерлигаш Евертон објави дека португалскиот стручњак е нов менаџер на клубот.

Станува збор за Марко Силва, некогашниот менаџер на Ватфорд и Хал. Овој 40-годишен стручњак на клупата на „карамелите“ го наследи Сем Алардајс, кој по завршувањето на сезоната доби отказ по шестмесечниот мандат.
Силва во јануари доби отказ во Ватфорд и оттогаш е без тренерски ангажман.
„Знам што очекуваат фановите од клубот, а јас сакам да бидат горди на она што ќе го прикажеме на теренот“, изјави Португалецот.
„Многу сум возбуден што добив шанса да работам во клуб како Евертон, за чија историја знам многу. Од следната сезона се очекува многу од нас, а ние сме подготвени да се справиме со тоа“, додаде Силва.
Марко Силва досега ги водеше клубовите: Лисабон, Есторил, Олимпијакос, Хал и Ватфорд.

Најнови вести