Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Проблем за Евертон, Мина е повреден

Колумбиецот се повредил уште на СП во Русија и нема да игра до средината на септември

Навивачите на Евертон ќе мора да почекаат уште две до три недели за првпат да го видат во акција своето засилување, колумбискиот дефанзивец Јери Мина. Ексфудбалерот на Барселона, кој реши да настапува за премиерлигашот од Ливерпул, има стара и „мала“ повреда на стапалото, но нема да може да игра минимум две до три недели, а можеби и цел месец. 

Мина се повредил за време на Светското првенство и поради тоа уште не заиграл на „Гудисон парк“. Според менаџерот Марко Силва, Мина би можело да дебитира во дресот на Евертон на 16-ти септември, на дуелот со Вест хем. 

За Јери Мина, Евертон плати 27 милиони фунти на последниот ден од преодниот рок и со нетрпение го очекуваа да заигра централниот дефанзивец кој покажа дека знае да постигнува голови и со глава.

Но, повредата која наводно ја влечел подолго време, очигледно е проблем, па фановите и сите во клубот ќе мора да почекаат пред тој да му се приклучи на тимот со полн капацитет. 

 

Најнови вести