Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
10.5.2018

И Руни отиде во МЛС – за Евертон 12 милиони фунти

Вејн Руни, капитенот на Евертон, кариерата ќе ја продолжи во МЛС-лигата. Тој ќе стане дел од Ди Си јунајтед, со кого потпишал начелен договор“, јавува Би-би-си.

Искусниот напаѓач ќе потпише соработка со тимот од главниот град на Соединетите Американски Држави до крајот на сезоната 2019/20, а „карамелите“ како оштета ќе добијат 12 милиони фунти. Трансферот ќе биде официјализиран на десетти јули, кога во МЛС ќе стартува преодниот рок.
Не се знае колкава плата ќе има 32-годишниот Англичанец, но медиумите шпекулираат дека тој би можел да стане најплатениот играч во тамошната лига.
Руни и минатото лето беше цел на неколку франшизи од САД, но тогаш одлучи од Манчестер јунајтед да се врати во Евертон, од каде што и потекнува.
Само една година подоцна, луѓето од Ди Си јунајтед, на чело со Џејсон Левин, кој е и сосопственик на Свонси, успеале да го убедат најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација да замине преку Атлантикот. Пред тоа, тој последниот натпревар за Евертон ќе го одигра во недела, против Вест хем, во 38-мото коло на Премиер лигата.
Ди Си моментно е последен во Источната конференција, а на таа позиција ја заврши и претходната сезона.

 

Најнови вести