Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2018

Сигурдсон: Хрватска меѓу најдобрите во светот

Репрезентативецот на Исланд Гилфи Сигурдсон истакна дека победата на неговата репрезентација во квалификациите нема многу да влијае на натпреварот кои двете селекции ќе го играат на Мундијалот.

Хрватска со две победи се сигурни патници во осминафиналето, а Исланд има пораз и нерешен резултат.
„Знаеме дека Хрватска е еден од најдобрите светски тимови. Видовме како играа во првите две кола. Мислам дека нема никаква врска што ги победивме пред една година или што изгубивме пред три години. Ова ќе биде различен меч. Мешутоа, убаво е што покажавме дека можеме да ги победиме. Потребно е да се фокусираме и да бидеме трпеливи“, изјави фудбалерот на Евертон.
Натпреварот во Ростов се игра во 20 часот, а во другиот натпревар од групата Д играат Нигерија и Аргентина.

Најнови вести