Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Астон вила со триумф над Хал ја започна новата сезона во Чемпионшип

Фудбалерите на Стив Брус ги надмудрија „тигрите“ за заокружување на првото коло во втората англиска лига

Астон вила славеше на гостувањето кај Хал со резултат од 1:3 во последниот меч од првото коло во Чемпионшип. По израмнетите сили во првото полувреме во кое видовме по еден гол во двете мрежи, гостите за пет минути стигнаа до двојна предност и така ги обезбедија првите три бода за сезонава. 

Победничкото славје го започна ни помалку, ни повеќе, Ахмед Елмохамади, екс-фудбалерот на Хал. Во 70. минута го искористи оставениот простор пред Маршал и стрелаше против клубот за кој играше цели пет години. Пет минути подоцна, Алан Хатон ги постави конечните 1:3.

Најнови вести