Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2018

Реал Мадрид има „нов“ фудбалер

Телевизијата која го вршеше преносот, измисли нов играч во редовите на европскиот првак.

При објавувањето на составите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, кои во САД одиграа контролен меч од Интернационалниот шампионски куп, телевизијата која го правеше преносот направи голем лапсус, кој предизвика сеир на социјалните мрежи. Веројатно станува збор за ненамерна грешка, но киксот беше направен и немаше враќање назад. 
Реализаторот на преносот ги измеша играчите на Реал, па кај резервите со бројот 2 беше најавен Карим Карвахал. Се разбира, таков фудбалер не постои во редовите на Кралскиот клуб. Дресот со број 2 го носи Даниел Карвахал, а не Карим. Во шпанскиот гигант има еден фудбалер кој се вика Карим, но тоа е францускиот напаѓач Карим Бензема. 
Манчестер јунајтед го доби дуелот со 2-1, Бензема се запиша во листата на стрелците, а Шпанецот Карвахал не влезе во игра. Дали оваа грешка со името на десниот бек беше случајна или не, ќе се види откако Реал ќе го одигра и следниот меч на турнејата во САД. 

Најнови вести