Корисничко име Лозинка Пријави се
11.5.2018

Свонси бара тренер за Втора лига

Карлос Карвахал, менаџерот на Свонси, ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесе Би-би-си.

Свонси практично испадна од Премиер лигата по поразот од Саутхемптон, но и бидејќи Хадерсфилд дојде до бод против Челзи, па на едно коло пред крајот, има три бода повеќе од Велшанецот, со значително подобра разлика во голови од ривалот.
„Лебедите“ во последното коло мора да го победат Стоук, додека Саутхемптон мора да изгуби од шампионот Манчестер сити со разлика од најмалку десет гола за да изборат опстанок.
На Карвахал на крајот на сезоната му истекува договорот со Свонси, со кого беше во преговори околу продолжувањето на соработката, но управата на клубот сепак се одлучила на таков потег по серијата од осум натпревари без триумф.
Навивачите на Свонси, наводно, барале да поднесе оставка и претседателот Хју Џенкис.

Најнови вести