Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2018

Очекувано – Гвардиола менаџер на годината

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, ја понесе титулата најдобар оваа година во изборот на Асоцијацијата на лигашки менаџери.

Шпанскиот стручњак ги предводеше „граѓаните“ до титулата во Премиер лигата со рекордни сто бода. Неговите фудбалери во текот на целата сезона испуштија само 14 бода, а ја завршија со постигнати 106 голови.
Сити, исто така, го освои и Лига купот, со триумфот над Арсенал со резултат 3-0 на „Вембли“.
Во борбата за престижното признание, Гвардиола победи петмина колеги. Во конкуренција беа: Јирген Клоп од Ливерпул, Шон Дајш од Барнли, Нуну Ешпириту Санту од Вулверхемптон, Нил Ворнок од Кардиф и Џон Колман, менаџерот на Акрингтон Стенли.
Ворнок доби специјално признание од Асоцијацијата бидејќи по осми пат во кариерата некој од своите клубови го одведе во повисок ранг.
Признание доби и Сем Алардајс, менаџерот на Евертон, кој стана член на Куќата на славните на Асоцијацијата на лигашките менаџери.
И додека Гвардиола ја доби таа награда за најдобар менаџер во Премиер лигата, Нуну тоа признание го доби за Шампионат лигата.

Најнови вести