Корисничко име Лозинка Пријави се
21.10.2017

Конте загрижен пред дуелот со Ватфорд

Маките му задаваат кадровски проблеми на Антонио Конте. Менаџерот на Челзи на конференцијата за медиумите пред натпреварот од деветтото коло на Премиер лигата против Ватфорд изјави дека екипата има само еден играч за врска кој е во добра форма.

„Имаме 24 часа да се обидеме да закрепнеме некои играчи. Само Фабрегас е подготвен, па можеби ќе морам да импровизирам“, изјави вчера Конте.
Италијанскиот стручњак беше принуден да импровизира и на натпреварот од третото коло на групната фаза на Лигата на шампионите против Рома (3-3). Давид Луиз беше прекомандуван од последната линија на позицијата играч за врска од задниот ред.
„Н’голо Канте е надвор од редовите и сигурно нема да се врати на теренот до крајот на октомври. Дени Дринквотер сè уште не закрепнал целосно од повредата, додека Бакајоко заработи лесна повреда во дуелот со Рома.
Натпреварот меѓу петтопласираниот Челзи и четвртопласираниот Ватфорд на „Стемфорд бриџ“ се игра денес, од 13.30 часот.

 

Најнови вести