Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2018

Митровиќ за 23 милиони евра останува во Фулам

Александар Митровиќ е многу блиску до потпишување траен договор со Фулам, јавува „Скај спорт“.

Тој пролетниот дел од сезоната го помина на заем во Фулам, кој успеа од Шампионат лигата да се врати во Премиер лигата.
Репрезентативецот на Србија имаше голема улога во тоа, со оглед на тоа дека одлично играше и постигнуваше голови.
Поради тоа, челниците на клубот одлучија да го откупат неговиот договор од Њукасл, кој бара оштета од 23 милиони евра.
На клубот од Лондон не му е проблем да ја плати таа цена, па работата ќе биде завршена за неколку дена, кога Митровиќ ќе се врати од одмор, на којшто отиде по Мундијалот, на кој ја претставуваше Србија.

Најнови вести