Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2017

Њукасл остана без Лежен и Дамет неколку седмици

Лежен и Дамет се повредија во првото полувреме против Тотенхем во првото коло на Премиер лигата. Дамет беше заменет уште во осмата минута, додека Лежен теренот го напушти во 34-тата.

Фудбалскиот клуб Њукасл денес соопшти дека Флоријан Лежен и Пол Дамет ќе отсуствуваат од теренот неколку седмици поради повреда.
Лежен и Дамет се повредија во првото полувреме од натпреварот против Тотенхем во првото коло од Премиер лигата. Дамет беше заменет уште во осмата минута, додека Лежен теренот го напушти во 34-тата.
Њукасл го изгуби натпреварот со 2-0.
Како што се наведува, медицинскиот тим на Њукасл продолжува да ја следи состојбата на двајцата фудбалери за да се утврди точниот степен на повредата, но се очекува тие да бидат надвор од теренот неколку седмици.

Најнови вести