Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2016

Ливерпул во полуфиналето на Лига купот, Вудбурн најмлад стрелец во историјата

Бен Вудбурн стана најмлад стрелец во историјата на Ливерпул со 17 години и 45 дена по постигнатиот гол во средбата против Лидс во Лига купот, а испадна Њукасл.

Познати се првите полуфиналисти на Лига купот на Англија.
Ливерпул дури во финишот го победи Лидс со головите на Ориги во 76-тата и на Вудбурн во 81-вата минута за пласман во полуфиналето.
Натпреварот имаше и дополнителна нота, Бен Вудбурн стана најмлад стрелец во историјата на Ливерпул со 17 години и 45 дена откако го постигна голот против Лидс во Лига купот.
Хал и Њукасл одиграа 1-1, Снодграс погоди во 99-тата минута за домаќините, а Дијаме во 98-мата за гостите.
Хал се пласира по пеналите (3-1), а гостите не погодија дури три.

 

Најнови вести