Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
04.7.2017

Њукасл купи стопер од Еибар

Њукасл го доведе првото засилување по враќањето во Премиер лигата, дојде стоперот на Еибар Флоријан Лежен.

Дваесет и шестгодишниот француски одбранбен фудбалер потпиша договор на пет сезони, а Њукасл за него платил 10 милиони евра.
„Лежен е фудбалер кој направи многу во Шпанија. Го следев подолго време и многу напредуваше последните години. Ќе ни донесе нешто различно во последната линија“, изјави менаџерот на Њукасл Рафа Бенитез.
Тој почна да игра фудбал во француските нисколигаши пред да прејде во Истр во 2009 година, од каде по две години се пресели во Вилјареал.
Играл на позајмица во Брест, а по сезона и пол во Хирона го купи Манчестер сити во кој не доби шанса, па се врати во Хирона на уште една година.
Минатата сезона играше за Еибар на 34 натпревари и постигна еден гол.

 

Најнови вести