Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2017

Де Јонг се врати во Ајакс

Холандскиот фудбалер Сим де Јонг го напушти Њукасл и се врати во Ајакс, соопшти клубот од Амстердам.

Ајакс наведе дека 28-годишниот Де Јонг потпишал договор до 30-ти јуни 2020 година. Финансиските детали на договорот не се објавени.
Де Јонг претходно играше за Ајакс од 2005 до 2014 година и со клубот беше шампион на Холандија четири години по ред, од 2011 до 2014.
Тој минатата сезона ја помина на заем во ПСВ.

Најнови вести