Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2017

Трагедија во Кина: Почина Шеик Тиоте, поранешен фудбалер на Њукасл

Шеик Тиоте, поранешниот фудбалер на Њукасл, вчера почина на 30-годишна возраст откако му станало лошо во текот на тренингот во Кина.

„Со длабока тага можам да потврдам дека Шеик Тиоте, за жал, почина вчера утрото во болница откако колабираше на тренингот“, изјави неговиот портпарол, а пренесуваат британските медиуми.
Тој помина седум години во Њукасл, за кого од 2010 до 2017 година одигра 138 натпревари.
Во февруари оваа година направи трансфер во Пекинг Ентерпрајс.
Кариерата ја почна во 2005 година во Белгија, во Андерлехт, а играше уште за Твенте и за Рода.
Тој беше и дел од репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска која во 2015 година го освои Купот на африканските нации. За националниот тим одигра 52 натпревари.

Најнови вести