Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2017

Повредата на Бускетс не е многу сериозна

Серхио Бускетс се повреди во натпреварот против Еибар и од теренот ќе отсуствува две седмици.

По повредата што ја доживеа Серхио Бускетс во натпреварот меѓу Барселона и Еибар, на десет минути пред крајот на средбата, кога на носилки го напушти теренот, беше неизвесно дали се работи за сериозна повреда.
Денес Барселона на својата интернет-страница објави дека Бускетс ги повредил лигаментите во десниот глужд и дека ќе отсуствува две седмици, што значи дека ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Купот, како и средбите против Бетис, Атлетик Билбао и Алавес.
Барселона моментно е трета во Примера лигата со 41 бод од 19 натпревари, додека прв е Реал Мадрид со 43 бода од 18 натпревари.

Најнови вести