Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
26.4.2017

Вест хем и Њукасл под истрага, приведен челник на „чавките“

Како што пренесуваат британските медиуми, полицијата утрово ненадејно влегла во просториите на Вест хем и на Њукасл, каде што се спроведува истрага поради финансиски малверзации.

Според последните информации, истрагата е покрената на иницијатива на даночните власти на Велика Британија, кои истражуваат нерегуларности во трансферите  на двата клуба, Вест хем, кој учествува во Премиер лигата, и Њукасл, член на Шампионат лигата, кој оваа недела повторно се квалификува во елитното друштво.
Приведени се повеќе лица, но најзвучно име меѓу нив е Ли Чарли, директорот на Њукасл.
По повод истрагата во англиските клубови со соопштение се огласи и британското Одделение за приходи и царина.
„Одделението за приходи и царина денес наложи приведување на повеќе лица поврзани со фудбалската индустрија поради основано сомнение за измама во врска со пријавувањето на приходите и националното осигурување. Во соработка со француските власти, инспекторите посетија клубови на североистокот и на југоистокот на Англија, каде што се приведени лица и се запленети финансиски книги, компјутери и мобилни телефони. Исто така, во Франција се спроведуваат претреси и приведувања. Оваа истрага испраќа јасна порака дека секој кој нема да пријави данок, ќе мора да ги сноси последиците“, стои во соопштението на даночните власти на Велика Британија.

Најнови вести