Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2016

Таунсенд прејде од Њукасл во Кристал палас

Досегашниот играч на Њукасл Андрос Таунсенд потпиша петгодишен договор со Кристал палас, беше потврдено на интернет страницата на премиерлигашот од Лондон.

Како што пренесоа англиските медиуми трансферот е вреден околу 16 милиони евра, а 24-годишниот фудбалер стана првото засилување на Палас за следната сезона.
„Пресреќен сум и презадоволен што пристигнав во Палас. Имав разговор со директорот и претседателот пред да потпишам и мило ми е што ќе бидам дел од иднината на клубот. Едвај чекам да заиграм“, изјави Таунсенд .
Таунсенд во текот на кариерата настапуваше за Тотенхем, Јеовил, Лејтон Ориент, МК Донс, Ипсвич, Ватфрод, Милвол, Лидс, Бирмингем и Квинс парк ренџерс, пред да пристигне во Њукасл во јануари 2016 година, каде запиша 13 натпревари со четири постигнати голови.
Дресот на репрезентацијата на Англија го носеше 11 пати и постигна три гола.

Најнови вести