Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2017

Ван Хал: Јунајтед на Мурињо подосаден од мојот

Луис ван Хал, некогашниот менаџер на Манчестер јунајтед, изјави дека Жозе Мурињо игра премногу дефанзивно.

Холандскиот стручњак, кој по епизодата со „црвените ѓаволи“ ја заврши тренерската кариера, за медиумите изјави дека Португалецот не ја покажува вистинската слика.
„Ако ме прашате како беше во Јунајтед, би кажал дека тоа ми е најдобрата година некогаш, имајќи ги предвид околностите под коишто работев. Игравме фудбал кој поприлично беше добар, но не беше фудбал кој се цени во Англија. Сега, кога ќе го погледнам Јунајтед, морам да заклучам дека не го критикуваат Мурињо, иако неговиот фудбал е многу подосаден“, изјави Ван Хал.
Тој по дербито на Манчестер, во кое „граѓаните“ славеа со 2-1, изјави дека Јунајтед немал никакви шанси.
„Повеќе би го гледал Сити отколку Јунајтед – потребен ни е квалитет во тимот и јасно е дека Сити има подобра екипа. Она што Јунајтед го игра сега е дефанзивен фудбал, а јас секогаш играв напаѓачки. Доказ за тоа е дека противниците секогаш ’го паркираа автобусот’. Сега веќе не го прават тоа бидејќи Мурињо игра премногу дефанзивно“, додаде Холанѓанецот.

Најнови вести