Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2016

Гундоган ќе го пропушти Европското првенство

Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган ќе го пропушти Европското првенство во Франција поради повреда на коленото, соопшти неговиот клуб, Борусија Дортмунд.

Германскиот фудбалер поради повреда го пропушти и Светското првенство во 2014 година, а како што наведе клубот, со повредата се здобил на тренинг.
Тоа исто така значи дека Гундоган ќе го пропушти и финалето во Купот на Германија во кое неговиот тим на 21-ви мај ќе се сретне со Баерн. Гундоган во текот на кариерата настапуваше за Бохум, Нинберг, додека од 2011 година е член на Борусија, за која до сега има одиграно 153 натпревари и има постигнато 15 голови.
Со Дортмунд има освоено Бундеслига, Куп и Суперкупот на Германија, а дресот на репрезентацијата на Германија го има носено 16 пати и постигнал 4 голови.

Најнови вести