Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2012

Жиро во Арсенал за 12 милиони фунти

Францускиот фудбалер Оливие Жиро ќе го напушти Монпелје и ќе премине во Арсенал за 12 милиони фунти, пренесоа англиските медиуми.

Клубовите веќе се договорија, а 25-годишниот напаѓач ќе го потпише договорот по завршувањето на Европското првенство во Полска и Украина.
Жиро минатата сезона за шампионскиот тим на француското првенство постигна 21 гол во 36 лигашки натпревари.
Неговиот сонародник на клупата на Арсенал, Арсен Венгер, планира да го стави во нападот на лондонскиот клуб, заедно со најдобриот стрелец од минатата сезона – Робин ван Перси и Лукаш Подолски, кој неодамна дојде од Келн.

Најнови вести