Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
13.9.2018

Гребиј се повреди, не игра против Вардар

Европскиот шампион Монпелје со адут помалку ќе го пречека првакот од пред две години.

Бранителот на трофејот во ракометната Лига на шампиони, тимот на Монпелје против Вардар ќе настапи без левиот бек Матје Гребиј. Французинот има проблеми со грбот, го пропушти и мечот против Тулуз во второто коло во француското првенство, а по сите изгледи нема да биде достапен за тренерот Канаје и на отворањето на новата сезона во европскиот клупски шампионат.

Во редовите на францускиот тим недостасува и левото крило Мишел Гигу, кој ќе паузира неколку месеци поради повреда на коленото.

Одбраната на европскиот пехар Монпелје ја започнува во сабота (17.30 часот), токму против македонскиот претставник Вардар, тимот кој лани го елиминираа Французите за пласман во големото финале.

Најнови вести