Корисничко име Лозинка Пријави се
23.4.2012

Навивачи на Келн му го сршиле носот на Кадлец

Михал Кадлец, 27-годишниот чешки фудбалер на Баер Леверкузен, вчера во раните утрински часови бил нападнат од страна на двајца навивачи на Келн, потврдија и играчот и полицијата.

Кадлец за келнскиот дневник „Експрес“ изјави дека му се приближиле двајца мажи кои се претставиле како навивачи на Келн, регионалниот ривал на Баер, пред да го удрат во лице.
„Бев шокиран. Мојот нос почна тешко да крвари. Се претставија како навивачи на Келн“, рече Кадлец, кој беше нападнат по излегувањето од еден ноќен клуб во Келн, во кој бил придружуван од девојка.
И покрај повредата, Кадлец најави дека има намера да игра во бундеслигашката средба против Хановер следната седмица.
Полицијата го истражува споменатиот инцидент.

Најнови вести