Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2017

Тинејџер од Келн во репрезентацијата на Македонија

Игор Ангеловски, селекторот на репрезентацијата на Македонија, за пријателскиот натпревар со Белорусија го повика младиот фудбалер на Келн, Дарко Чурлинов.

Доколку добие шанса да настапи против Белорусија, Чурлинов ќе стане најмлад репрезентативец на Македонија со 16 години и осум месеци.
„Дарко Чурлинов е екстра талент, поради тоа е повикан во репрезентацијата. Верувам дека ова за него ќе биде поттик да игра уште подобро“, изјави Ангеловски.
Пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Белорусија се игра утре во Скопје, на стадионот „Филип Втори“ од 18 часот.

Најнови вести