Корисничко име Лозинка Пријави се
08.9.2018

Пандев: Да го добиеме најзначајниот меч во нашата група

Горан Пандев е оптимист пред мечот со Ерменија и верува во победа на Македонија, против главниот ривал за првото место во нашата група во Лигата на Нации

Македонија утре во Скопје го игра веројатно и клучниот меч за првото место во четвртата група од Д сегементот во Лигата на Нации, а противник ќе ни биде Ерменија. Ривал кој има квалитетни играчи, предводени од ѕвездата на Арсенал Хенрик Мхтаријан.
„Се знаеше уште по ждрепката дека двомечот со Ерменија ќе биде клуч за првото место. Двете селекции се најквалитетни во групата и тука ќе биде решението. Имаме квалитет и ако одиграме како што знаеме верувам дека ќе победиме“, изјави Горан Пандев.
Капитенот ќе ја преводи нашата селекција и утре и е блиску да го урне рекордот на Гоце Седлоски, според бројот на настапи за македонската репрезентација.
Утре мечот ќе се игра на „Филип Втори“ арената од 18 часот.

 

Најнови вести