Корисничко име Лозинка Пријави се
07.4.2014

Анелка направи трансфер во Атлетико Минеиро

Францускиот фудбалер Никола Анелка потпишал договор со бразилскиот Атлетико Минеиро, потврди на „Твитер“ претседателот на клубот Алешандре Калил.

Анелка е без ангажман откако на 14-ти март го напушти Вест Бромич албион. На триесет и петгодишниот Анелка ова е му е 12-ти клуб во кариерата, во кого ќе игра со својот поранешен соиграч од ПСЖ, Роналдињо.
Анелка во кариерата ги бранеше боите на: Реал Мадрид, Челзи, Арсенал, Ливерпул, Манчестер сити, Фенербахче, Јувентус и Шангај Шенхуа.

Најнови вести