Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2013

Жосуе од Волфсбург во Атлетико Минеиро

Жосуе, 33-годишниот бразилски фудбалски репрезентативец, е нов играч на бразилскиот прволигаш Атлетико Минеиро, во чии редови доаѓа од Волфсбург како слободен играч.

Работата е договорена откако претходно во Волфсбург се согласија предвреме да го прекинат договорот со Жосуе, кој истекуваше на крајот на сезоната.
Жосуе во својата татковина ќе отпатува наредните денови за да ги запознае новите соиграчи, вклучувајќи го и некогашниот најдобар светски фудбалер Роналдињо.
Пред Волфсбург, во чии редови стигна во 2007 година, Жосуе играше за Гојас и Сао Пауло. Со клубот од Сао Пауло меѓу 2005 и 2007 година освои две бразилски шампионски титули, Копа Либертадорес и Светското клупско првенство на ФИФА.

Најнови вести