Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2013

Судир меѓу играчите на Арсенал Саранди и полицијата

По натпреварот од петтото коло на третата група на Копа Либертаторес меѓу Атлетико Минеиро и Арсенал Саранди дошло до немили сцени на теренот на стадионот „Индепенденсија“ во Бело Оризонте.

Поразените играчи од аргентинскиот состав почнале луто да им приговараат на арбитрите на средбата.
По означувањето на крајот на натпреварот од страна на судијата, полицијата направила жив ѕид околу него, а полицајците биле наоружани со пендреци и штитови. Но играчите на Арсенал биле истрајни во протестите, а до судирот дошло откако еден од играчите се обидел со нога да ги удира полицајците. Кога тоа не му успеало, ја шутнал топката кон нив, по што реагирал полицискиот кордон.
„Она што се случи овде е жално. Тука не се работи за спорт. Кога доаѓа до кршење на законот, јасно е дека мораме да реагираме“, изјави една од полицајците.
Според известувањата на тамошните медиуми, најмалку четворица играчи на Арсенал Саранди се задржани на полициско испитување по инцидентот.
Натпреварот е завршен со победа од 5-2 на Атлетико Минеиро, а Роналдињо постигна два погодоци.

Најнови вести