Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2011

Аталанта ќе го откупи договорот на Денис

Аталанта на крајот на сезоната ќе го откупи договорот на најдобриот стрелец на Серија А, Херман Денис, кој оваа сезона игра на заем од Удинезе.

Денис постигна десет гола на дванаесет првенствени натпревари, додека Аталанта даде вкупно 15 погодоци во Серија А.
„Без сомнение, ќе ја искористиме можноста на крајот на сезоната да го откупиме неговиот договор. Денис сигурно ќе биде член на Аталанта и во иднина“, рече Пјерпаоло Марино, спортскиот директор на Аталанта.
Денис има 30 години, а пред Аталанта и Удинезе играше и за Индепендиенте, Колон, Арсенал Саранди, Килмес и Чезена.
За репрезентацијата на Аргентина дебитираше во 2007 година, а досега одигра пет натпревари.

Најнови вести