Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2016

Јувентус го купи Калдара од Аталанта

Младиот репрезентативец на Италија ќе биде платен 15 милиони евра, со дополнителни бонуси.

Управата на Јувентус го договори трансферот на Матија Калдара, 22-годишниот стопер на Аталанта, но тоа да биде направено дури во 2018 година, кога ќе му истече договорот на Андреа Барѕалји, кој на таа позиција игра уште од 2011 година. Така големиот клуб ја планира иднината.
Младиот репрезентативец на Италија ќе биде платен 15 милиони евра, со дополнителни бонуси. Тој е дете на Аталанта, и роден е во Бергамо, а две години се калеше во Трапани и во Чезена.
Ова година дебитираше за младата репрезентација на Италија и настапи девет пати.

 

Најнови вести