Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
03.1.2018

Наполи потфрли, Аталанта во полуфиналето

Екипата на Аталанта го победи Наполи со 2-1 во четврт-финалето на Купот на Италија.

Екипата од Бергамо гостуваше во Наполи и благодарение на головите на Кастањ и Гомес дојде до голем триумф.
Надежниот гол на домашниот состав му го донесе Дрис Мертенс во 84-тата минута, меѓутоа тоа беше сè од голови.
Аталанта до водство дојде во 50-тата минута, кога Кастањ го совлада Сепе и ѝ донесе предност на екипата. Ударот на Корнелиус беше блокиран, а на вистинското место се најде играчот за врска и погоди за 1-0.
За вториот гол не се чекаше повеќе од 30 минути, во 81-вата Папа Гомес со силен удар ја затресе противничката мрежа.
Аталанта во полуфиналето ќе игра со подобриот од средбата меѓу Јувентус и Торино. Во вториот натпревар за финалето ќе се сретнат Милан и Лацио.

Најнови вести