Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
15.3.2018

Јувентус почна да му бега на Наполи

Фудбалерите на Јувентус ја совладаа Аталанта со 2-0 во заостанатиот натпревар од 26-тото коло на Серија А и се зацврстија на врвот на табелата.

„Старата дама“ славеше со погодоците на Гонзало Игуаин во 29-тата и на Блез Матуиди во 81-вата минута од натпреварот.
Аргентинецот донесе водство по асистенцијата на Бразилецот Даглас Коста, а потоа му асистираше на Французинот.
Јувентус ја забележа 11-тата последователна победа во Серија А, а низата натпревари без пораз ја продолжи на 22.
Фудбалерите од Торино со новиот триумф се зацврстија на првото место на табелата, со четири бода пред Наполи на десет кола пред крајот.
Аталанта со првиот пораз по четири кола остана на шест бода од позицијата која води во квалификациите за Лигата на Европа.
Во следното коло двата тима гостуваат кај тимовите од зоната на испаѓање, Јувентус кај СПАЛ, а Аталанта во Верона.

Најнови вести