Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2017

Наполи во четврт-финалето на Купот на Италија

Фудбалерите на Наполи се пласираа во четврт-финалето на Купот на Италија со победата од 1-0 над Удинезе.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Лоренцо Инсиње во 71-вата минута.
Тој претходно во игра влезе во второто полувреме. Во четврт-финалето Наполи ќе игра со победникот на натпреварот меѓу Аталанта и Сасуоло.
Наполи пет пати во историјата беше најдобар во Купот на Италија, а последниот трофеј во натпреварувањето го освои во 2014 година.
Преостанатите три натпревари од осминафиналето на Купот на Италија се играат денес. Од 15 часот ќе се сретнат Аталанта и Сасуоло, од 17.30 Рома и Торино, додека во 20.45 часот е закажан дуелот меѓу Јувентус и Џенова.
Досега пласманот меѓу осумте најдобри го осигурија Интер, Фиорентина, Милан и Лацио, а трофејот го брани Јувентус.

Најнови вести