Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2017

Удинезе го отпушти Луиџи Делнери

Фудбалскиот клуб Удинезе потврди дека Луиџи Делнери не е веќе тренер на клубот.

По поразот од Калјари минатиот викенд, шпекулациите за тоа дека Делнери ќе биде отпуштен беа сè поинтензивни, а клубот го потврди тоа.
„Удинезе може да потврди дека Луиџи Делнери и неговиот помошник Џузепе Фераколи се ослободени од нивните должности. Клубот им се заблагодарува за нивната посветеност во претходните 13 месеци и им посакува сè најдобро во иднина“, се наведува во соопштението на клубот.
Според пишувањата на италијанските медиуми, Делнери на клупата ќе го замени Масимо Одо, поранешниот тренер на Пескара.
Удинезе моментно се наоѓа на 14-тото место на табелата на Серија А со 12 освоени бода.

 

Најнови вести