Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2016

Удинезе го отпушти тренерот, пристигнува Ди Канио?

Тренерот на Удинезе Стефано Колантуоно доби отказ по поразот од Рома со 2-1 во Серија А, соопшти италијанскиот клуб.

Со Колантуоно заминува и комплетниот стручен штаб, со кој работеше од доаѓањето во Удинезе во јули минатата година.
Овој 53-годишен стручњак претходно ги водеше Катанија, Перуџа, Палермо, Торино и Аталанта.
Како прв кандидат да го наследи фигурира контроверзниот Италијанец Паоло ди Канио, откако три години е без ангажман по заминувањето од Сандерленд.
Фудбалерите на Удинезе се наоѓаат на 16-тото место во Серија А со 30 бодови, само четири бодови повеќе од Фрозиноне и зоната која води во понизок ранг.

Најнови вести